еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото ќе биде испрашан

Денеска во семејниот дом во тетовско Слатино се пронајдени мртви мајка и ќерка. Телата ги пронашла мајката на починатата.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) станува збор за 36-годишната К.Ш  и нејзината малолетна ќерка.

-Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, која без знаци на живот ги пронашла нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт, информираа од МВР.

Сопругот на жената, Р.Ш. (50), заедно со неговиот малолетен син, се пренесени за укажување лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа тој ќе биде приведен во полициска станица за понатамошно постапување, велат од МВР.

Телата на починатите се предадени на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва опишана епидемија со конго-кримска хеморагична треска во Македонија имало во 1971 година

Редакција

Во САД се испитува вакцина со трајна заштита против Ковид-19, открива доктор Пеева, Македонка која работи во Фајзер

Редакција

Сајбер-заканите во денешно време ги погодуваат сите, велат од ОБСЕ за хакираната страница

Редакција