еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди денеска на прес-конференција информираше дека нема да има дисциплинска за медицинската сестра, која наводно малтретирала тримесечно бебе, бидејќи неговата мајка не разбирала македонски.

„Се затвори случајот, немало никаква лоша намера ни од страна на сестрата, ни од страна на родителите на бебето. Вакви случаи имало и порано, сега се направи малку повеќе бука,“ изјави Мемеди.

Според него, Комисијата од четири члена ги разгледала сите информации, факти и изјави на медицинската сестра и родителите на доенчето и се утврдило дека медицинската сестра немала апсолутно никаква намера за нанесување повреда на бебето.

„Модринките на десната рака настанале додека се земала венска крв за анализи на 11. јули. Тогаш две медицински сестри биле присутни. Едната ја фиксирала раката на детето надлактицата и подлактицата, а другата сестра боцка вена. Како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица,“ додаде Мемеди.

Според него, „најверојатно родителите алармирале поради едно недоразбирање меѓу дедото на детето и медицинската сестра кое се случило претходно на 7. јули, и тоа што семејството ја загубило довербата во медицинската сестра“.

„Родителите на детето се покажаа доблесни, а медицинската сестра изрази спремност да се согласат дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и недоразбирање и си дадоа рака на помирување. Откако се постигна помирување на двете страни, Комисијата ја прекина својата работа,“ рече директорот Мемеди.

Тој на прес-конференцијата го покажа записникот од спроведена комисија за случајот, во кој не утврдиле никаква намера за бебето да биде повредено.

Наспроти изјавите на директорот Мемеди, министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека е „сигурен дека против сестрата се води дисциплинска постапка“. Тој се уште го чека извештајот од Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот со бебето на Детска клиника, добива сосема нов тек од првичните обвинувања за малтретирање

Бебето кое наводно било малтретирано на Детска клиника имало наод на тромбоцитопенија, состојба која предизвикува модринки

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Португалскиот предлог добра основа, не треба преку медиумите да зборуваме за деталите

Редакција

39-годишен пациент почина од Ковид-19

Редакција

МВР во акција: За помалку од еден месец изречени над 14.000 сообраќајни санкции

Редакција