Мермерен Комбинат АД Прилеп лани остварил приходи од продажба во износ од 1.801.448 илјади денари, што претставува намалување за 3.78% споредено со истиот период од претходната година, информира Друѓтвото преку Македонската берза.
-Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 914.446 илјади денари и споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2022 година во износ од 946.420 илјади денари, бележи намалување за 3.38%.
ЕБИТДА за периодот од 1 јануари до 31. декември 2023 година изнесува 1.059.141 илјади денари наспроти остварениот износ од 1.082.871 илјади денари истиот период од претходната година, или намалување за 2.19%.
Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 843.234 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од претходната година од 859.626 илјади денари и покажува намалување за 1.91%.
Оперативните расходи изнесуваат 907.857 илјади денари и се пониски за 4.59% во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мермерен комбинат преземен од Pavlidis Monoprosopi A.E Marmara- Granites
Успешна понудата за преземање на Мермерен комбинат од страна на Долит Инвестментс