Министерот за здравство, Арбен Таравари за денеска најави оставка.
Оваа следи откако неговото крило во поделената Алијанса за Албанците (АА), одлучи самостојно да настапи на престојните локални избори, што предизвика револт кај другите владини партнери, па крилото на Таравари излезе од Владата.
Засега е нејасно дали оставка ќе поднесе, ќе биде разрешен или ќе остане вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, исто така кадар на оваа крило, но и со двајцата заменици министри од АА.
Нејасно е и како ќе делуваат петте пратеници на оваа крило на АА.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе биде појасно дали ќе има нови имиња за овие функции или рокади помеѓу партнерите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следната недела ќе бидат познати новите министри по излегувањето на АА на Таравари од Владата
Фото: Таравари/Фејсбук