еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицотакис најави дека ќе го стави Мицкоски во „непријатна позиција“ на Самитот на НАТО, тој му врати дека се подготвува

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се закани дека ќе го стави идниот македонски премиер Христијан Мицкоски во „непријатна позиција“ на престојниот Самит на НАТО во јули, бидејќи не го употребува уставното име.

Мицотакис, кој и претходно најави дека ќе го отвори прашањето за употребата на името на Самитот во интервју за грчкото радио „Реал фм“ рече дека “доколку Мицкоски од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави „многу непријатно искуство“ на Самитот на НАТО, ако не се употребува уставното име

Тој рече и дека отстапувањето од Договорот од Преспа може да создаде проблеми на Македонија во односите со Грција, со НАТО и Европската Унија, и дека прашањето ќе го покрене на Самитот.

-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години.

Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

Мицкоски денеска му врати и рече дека тоа се анахрони изјави спротивни на Копенхашките критериуми.

-Но, јас се подготвувам за Самитот на НАТО со аргуметни и ќе ги погледнам в очи оние европски политичари кои мене ми ветуваа дека само уште името на државата да го смениме и за пет – шест години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа испадна лага, рече тој и посочи дека сака предизвици.

-Мојата позиција е јасна. Доколку во Европа постојат европски политичари кои се претставуваат како современи и модерни, како политичари од 21. век, а сепак во себе имаат талибански мотиви и сакаат да го загрозат човековото право загарантирано со меѓународни конвенции, јас сум подготвен да дебатирам.

Јас сакам да градиме мостови, а не да ги уриваме. Да разговараме врз основа на факти и аргументи каде било, и на Самитот на НАТО и во Атина и во Брисел и во Скопје.

Ако ги слушавме тие нивни пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот на нашиот влез во ЕУ, бидејќи се сеќавам дека политичари кои денеска се гласни за почитување на Преспанскиот договор пред 6 години ме гледаа во очи и ми велеа: ‘Христијан, само уште ова да го прифатите и вие сте за пет – шест години дело од ЕУ’.

Би сакал нив да ги погледнам во очи и јас да им кажам дека се нечесни и дека даваат лажни изјави со кои го манипулираат овој мал, драг и скапоцен народ во срцето на Балканот.

Додека има манипулации и двојни стандарди, додека не се држиме до Копенхашките критериуми и европските вредности дефинирани од Де Гаспер, Шуман и Аденауер, ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави и талибански методи и враќања во стариот век, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски заклетва ќе даде со уставното име

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која била Мирка Гинова која Ципрас ја спомна во својот говор во Парламентот

Редакција

Тројца странски туристи се изгубиле во Националниот парк „Галичица“

Редакција

Заев: Задоволен сум од работата на Тевдовски, но јас сакам да спроведем храбри чекори

Редакција