еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска многу топло време со температура до 39 степени и УВ индекс 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичка Герас Цунев Конфекција лани со загуба

Редакција

6.500 службени возила ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи злоупотреба

Редакција

Приведено уште едно лице за предизвикување пожар

Редакција