еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги повика македонските граѓани да го напуштат Либан и да не патуваат во Израел

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија (МНР) ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика.

Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, МНР апелира до граѓаните да ги одложат и патувањата кои не се неопходни кон Израел.

-Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

Подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следната веб страна (се отвора само преку серверите на територијата на Израел): www.oref.org.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Досега од Ковид-19 е изгубено население колку еден град со големина помеѓу Гевгелија и Радовиш

Редакција

Од Србија денеска пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер“

Редакција

Стојанче Ангелов од в.д. стана директор на Центарот за управување со кризи

Редакција