Од државното акционерско друштво за вршење на дејност давање услуги во воздухопловната навигација, М-НАВ, Скопје, преку Македонската берза информираат за промени во Управниот одбор (УО).
Нов член на УО е Владимир Ристески, кој е и извршен директор за воздухопловна навигација, како и претседател на УО.
Тој доаѓа на местото на Хекуран Асани.
Во УО влегува и Климент Чепуњоски, кој ќе биде и извршен директор за воздухопловна техника.
Тој доаѓа на местото на Милан Кораќ.
Буран Алити е исто така нов член, а тој е назначен и за извршен директор за финански работи, правни работи, развој и инвестиции.
Тој доаѓа на местото на Хасим Деари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Хекуран Асани, разрешениот директор и член на УО во М-НАВ
М-НАВ доби нов претседател на Надзорниот одбор
Смени во Надзорниот одбор на М-НАВ
Фото. М-НАВ