еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Над 2.200 граѓани незаконски примале социјална помош, обвинува министерот Велковски

Над 2.200 граѓани незаконски примале социјална помош, соопшти денеска техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Тие според него пријавиле дека немаат возила, а всушност поседувале.

„Се работи за над 2.200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство.

При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на Министерството за труд и социјална политика.

Имаме првични сознанија дека е забележана и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика“, рече Велковски.

Според него манипулацијата е системска, а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството.

„За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи.

Инспекциските служби од Министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери“, изјави Велковски.

Вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица.

Фото: Велковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лилјана Поповска: Протоколот со Бугарија е отров!

Редакција

Температура во октомври во Македонија била повисока за 2,8 степени, месецот екстремно топол и сушен

Редакција

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикан на разговор во полициската станица Центар

Редакција