Владата донесе одлука за ограничување на маржите за 73 производи, меѓу кои брашно, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестетнини, масло за јадење и дел од конзервираните производи…
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто-производна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 отсто и во трговијата на големо и во трговијата на мало.
– На листата на основни прехранбени производи во ткн. есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните.
Ваквата одлука ја донесовме врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за индекс на трошоците за живот, кои покажуваат дека во споредба август 2024 година со декември 2023 година евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 отсто, од кои наголемо зголемување има кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата 6,6 пртоценти, кај зеленчукот 3,9 проценти, кај месото 3, 6 проценти и кај лебот и житото 2 проценти.
За истиот период цените за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти…, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Оваа одлука влегува на сила од денот на објавување во Службен весник, а ќе трае до 31. октомври 2024 година.
Дурмиши потсети дека вакви мерки ќе бидат носени пред секој празник како божиќна, рамазанска, велигденска мерка.
Фото: Unsplash