еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за негово укинување само за државите од CEFTA

Зелениот картон (ЗК) е се уште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, и Молдавија .

Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.

Според Националното биро за осигурување (НБО) прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од автомобилска одговорност (АО) е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива.

Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда, посочуваат од таму.

Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензуз, ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта, велат од НБО.

Од Националноот биро истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално. А измените околу зелениот картон зависат од: внатрешните одредби и интерните регулативи (IR) на Советот на Бироа – Брисел, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, склучените билатерални договори помеѓу националните бироа во регионот и пошироко, имплементираниот Тарифен систем и Правилниците на НБО за обработка и плаќање на штети по ЗК според внатрешните одреби на Советот на бироа – Брисел.

Точно е дека во CEFTA Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу ЗК, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на зелениот картон како документ за влез со моторни возила во државите од CEFTA.

Непрактичноста на идејата за укинување на ЗК само за државите од CEFTA е дотолку повеќе што граѓаните пак ќе користат ЗК за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на бироа-Брисел, велат од таму.

Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција и тој е потребен, посочуваат од таму.

Останува во иднина отворено прашањето за комплексноста на ЗК, неговото укинување со вклучување на премијата од ЗК, врз основа на актуарски пресметки во премијата на полисата за АО, со што се создаваат можности за вклучување на ЗК во таканаречената Мултилатерална спогодба поддржана од Советот на Бироа – Брисел и немањето на потреба од користење на зелен картон во сите европски држави па и во државите од CEFTA процесот, велат од таму.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко оди откажувањето од руските енергенси: Бугарија бара од Европска Комисија за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта

Редакција

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Редакција

Заев разочаран од лидерската: „Груевизам“ до доцна во ноќта, ВМРО-ДПМНЕ бараше да го заташкаме криминалот

Редакција