По денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Марјан Витановски изјави дека нема докази дека тој е виновен.
„Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави тој и додаде дека сведоците не можат да потврдат дека Палевски се познавал со жртвите или дека имал мотив за извршување на таквото дело.
Тој рече и дека исказите на сведоците не укажуваат на тоа дека Палевски имал било каква улога во убиствата.
Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, денеска на рочиштето рече дека не го познава Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мајката на Вања за првпат во судница
Таткото на Вања уште на почеток тврдел дека таа е киднапирана, рече мајката на денешното судење
Фото: Палевски/Фејсбук