еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не била утврдена кривичноправна одговорност за Гаши за инцидентот со косовската претседателка, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за Канал 5 вели дека немало утврдена кривичноправна одговорност за претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, за инцидентот на Меѓународниот аеродром Скопје поврзан со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој беше вклучен и член на обезбедувањето на Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за член на обезбедувањето на Гаши, извадил и репетирал пиштол заради косовоската претседателка

Тој рече дека единствена кривична одговорност, согласно доказите, имало за полицискиот службеник, дел од обезбедувањето на Гаши.

На прашањето дали има кривична одговорност кај Гаши во однос на тоа дека дал наредба на член на обебзедувањето, лице што работи во Министерството за внатрешни работи (МВР), Тошковски кажа дека одговорноста е на полициските службеници, кои треба да се обратат кај началникот или да постапат во согласнот со законските надлежности.

„Одговорност во врска со предметниот кривичноправен настан е на полицискиот служненик, кој спротивно на закон правел тоа што правел, таму каде што правел.

Не е само кривичната постапка, туку утврдена е и дисциплинска одговорност за двајца други полициски службеници, кои и покрај тоа што не презеле никаво дејствие, како што презело предметното лице, од аспект на заканување, репетирање итн., не делувале соодветно подзаконските прописи, односно молчешкум го приифатиле она што фактички се случувало. Но, тоа не е предмет за кривична постапка, туку за дисциплинска постапка“, рече тој.

Тој објасни дека според внатрешните правила и процедури на МВР, полицискиот службеник немал право да го напушти ВИП-објектот што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту надлежност, да смирува или да разгорува или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи.

„Службеникот што од позиција на обезбедување на претседател на Собрание се упатил кон ВИП-салонот се со цел согласно доказите, првично да ја смири ситуацијата. Како изреагирал е друга работа. Апсолутно е недезволиво дејствието што го преземал. Дури и да отишол да ја смирува ситуацијата, тој одлучил да постапи спротивно на законот“, кажа министерот.

Во врска со настанот биле сослушани повеќе од 15 до 20 лица што биле сведоци на местото, а биле разгледани и видеоматеријали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ му дава поддршка на Мицкоски за итна смена на Гаши

Левица поднесе интерпелација за работата на Гаши

Косовската претседателка тврди дека на скопскиот аеродром се обиделе да и го одземат телефонот, од ТАВ Македонија категорично ја демантираат

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чистите раце спасуваат живот

Редакција

Претрес во домот на сопственикот на порталот „Доказ“, запленети пари, компјутери, телефони

Редакција

(Фото) Бигорскиот манастир учествуваше на вториот Меѓународниот фестивал на православна црковна музика во Атина

Редакција