еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новото раководство со провокативни изјави го крши духот на Преспа, велат Заев и Ципрас во заедничка колумна

Зоран Заев и Алексис Ципрас, поранешните премиери на Македонија и Грција во колумна за Еуроактив повикуваат на почитување на Договорот од Преспа, чии што потписници се.

„Договорот даде нов моментум на европската перспектива на Западен Балкан, ја врати улогата на ЕУ во регионот и ја истакна важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста.

Тој, исто така, ја нагласи клучната улога што ОН може да ја имаат во решавањето на конфликтите, особено откако Договорот беше официјално признаен од сите членки на Советот за безбедност на ОН.

Што е најважно, докажа дека дури и кога товарот на историјата е тежок, таму каде што има волја, има и начин. Преспа – некогашниот регион распарчен од најжестоката граѓанска војна во Европа за време на Студената војна, која принуди илјадници да ги напуштат своите домови како бегалци пред 75 години – денес стои како симбол на мирот наместо конфликтот, на надежта наместо болката,“ се вели меѓудругото во колумната.

Во неа се забележува дека „по неодамнешните избори во Северна Македонија, новото раководство даде провокативни изјави, кршејќи го писмото и духот на Преспа“.

„ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да стават до знаење дека почитувањето на Договорот е единствениот пат за понатамошна демократска интеграција, до европскиот пристап и претпристапната поддршка.

Неговото кршење дополнително ќе го дестабилизира регионот и ќе доведе до егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на Северна Македонија, туку и за нејзината иднина во целина.

Во исто време, ако овој услов е целосно испочитуван, ЕУ мора да биде подготвена да го остави зад себе секој „пристап како вообичаено“ што го видовме во изминатите шест години и да прифати проактивен, етапиран пристап кон проширувањето, како предложено од многу европски претставници и експерти.

На сите земји во регионот мора да им биде јасно дека мирното решавање на разликите има придобивки за луѓето на Балканот и нивното раководство. Дека жртвите се наградуваат, а не цинично занемарени.

Како што екстремната десница добива сила, демократските, умерените – и особено прогресивните – лидери мора да соработуваат и да ги удвојат своите напори за да се спротивстават на национализмот и националното повлекување,“ се додава во колумната.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Универзал градба“ го доби тендерот на Општина Струмица за изведба на улици вреден 762.000 евра

Редакција

Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Редакција

Во Косово уапсени владини функционери и бизнисмен поради злоупотреби со државните резерви

Редакција