еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нов топлотен бран: Од утре до недела Македонија во жолта и портокалова фаза

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека од утре до недела Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на земјава утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европарламент: ЕУ да ја поправи стратегиската грешка и да почне преговори со Скопје и Тирана

Редакција

Над три милиони лица заразени од корона вирусот во светот, починати 211.663

Редакција

Специјалци од МВР приведоа четири лица од Неготино осомничени за „лихварство”, „изнуда” и други кривични дела

Редакција