Велешанецот Боре Видески, кој е обвинет дека бил еден од соизвршителите во убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е префрлен на Клиниката за нефрологија, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Тој вчера наутро бил префрлен на Клиниката во тешка состојба, со речиси откажан бубрег.
Неговиот адвокат Бојан Манев за РСЕ вели дека во минатото имал трансплантиран бубрег, и веќе подолго време се жалел на болки.
„Првично бил однесен во Градската болница „8 Септември“, по што го транспортирале на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Веднаш му е извршена дијализа, но според моите информации се уште е во лоша здравствена состојба.
Претпоставките се дека ќе треба подолго време да заздрави, што би можело да трае и повеќе од еден месец. Не знам што да ви кажам, бубрегот како да му е пред распаѓање, сепак дијагнозата треба да ја постават лекарите“, вели тој за РСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ ќе сведочи на судењето за убиството и грабнувањето на Вања и Панче
Никој од обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче не се чуствува виновен
Таткото на Вања е наместен од полицијата, кажа Палевски на денешното судење