еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Одлуката на САД за царините, нема да има голем импакт врз нашата економија, велат од Влада

Oдлуката на САД за царините од 33% за Македонија, e очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, велат од Влада.

„Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност,“ велат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царините на САД најмногу ќе ја погодат работата на странските фабрики во земјава, велат од Finance Think

Царините на САД за Европа, ќе го намалат растот на економијата и ќе ја зголемат инфлацијата

САД воведоа 33% царини за увоз од Македонија

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Охрид, Пецаков тврди дека двапати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин

Редакција

Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата

Редакција

Мултимилионски тендер: Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта купува 558.000 литри еуродизел

Редакција