55-годишниот Никушор Дан е новиот претседател на Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проевропскиот кандидат Никушор Дан победи на претседателските избори во Романија
Тој е актуелен градоначалник на главниот град на земјата, Букурешт, а на изборите настапи како независен кандидат и успеа да го победи крајнодесничарскиот популист и евроскептик Џорџе Симион од националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, што ретко кој го очекуваше.
Дан важи за проевропски ориентиран.
Кој е Дан
Роден е во 1969 година во Фегараш.
Како средношколец освоил два златни медали на Меѓународната математичка олимпијада, со максимален број поени.
Студирал математика во Букурешт, а потоа го продолжил своето образование во престижната “École normale supérieure“ во Париз, каде што и докторирал.
Во 1998 година се вратил во Романија за да работи со талентирани студенти.
На пошироката јавност и станал познат во раните 2000. по основањето на здружението „Save Bucharest“, преку кое водел правни битки против дивоградбите и злоупотребите во урбанистичкото планирање.
Од неговиот активизам прво се роди Сојузот за спас на Букурешт, кој во 2016 година прерасна во Унија за спас на Романија, денеска една од највлијателните реформистички партии во Романија.
Подоцна ја напуштил партијата.
На локалните избори во 2020 година, Дан ја победи тогашната градоначалничка Габриела Фирја и стана првиот независен градоначалник на Букурешт.
На изборите во 2024 година доби уште еден мандат за градоначалник.
Тој и покрај политичката кариера останал близок со академската заедница и често им помагал на младите математичари.
Онаа е што интересно кога се во прашање романски политичар, е што Дан никогаш не бил вклучен во корупциски скандал.
Приватно, тој е партнер на виолинистката Мирабела Градињару, со која има две деца.
Фото: Дан/Фејсбук