еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 2020 до 2023 во сообраќајки загинале 457 лица

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

– Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31.176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица, стои меѓудругото во извештајот.

Според анализите на податоците од базите сообраќајните незгоди со последици се случиле дење (59%), при добри атмосферски услови/сончево време (45%), на улици во населени места (63%) и на сува површина на патот (79%), што укажува на тоа дека условите на патот не се главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди; се вели во извештајот.

Најголем број се случиле на територија на СВР Скопје – 41%, СВР Тетово – 14%, СВР Битола и Охрид – 9%, Штип – 8%, Куманово – 7%, Велес и Струмица – 6%.

Најчестите сообраќајни прекршоци по видови, како што велат од ДЗР, констатирани со спроведените контроли во период 2019-2023 година се однесуваат на брзо возење, поминување на затворен сигнал, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

-При спроведените контроли најголем број од возачите се исклучени поради управување на возило без возачка дозвола, а значаен е и бројот на исклучени возачи поради возење под дејство на алкохол.

Поради технички ограничувања на апликацијата за спроведени контроли, како и на внесување на географските координати на локацијата на сообраќајните незгоди, МВР не е во можност истите да ги користи како основ за планирање нови активности и креирање нови мерки за зголемување на ефикасноста на интервенциите на МВР, посочуваат од ДЗР.

Дополнително, како што посочуваат меѓудругото ревизорите, надлежните институции не вршат евалуацијата на постигнатите ефекти од спроведените мерки и активности согласно утврдените индикатори, за навремена детекција и отстранување на слабости при управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата.

По ревизијата дадени се препораки за надминување и подобрување на состојбите во делот на правната и стратешката рамка за процесот на управување безбедноста во сообраќајот, зајакнување на човечките, финансиските и техничките капацитети на институциите, како и воспоставување на систем за мониторинг и евалуација на ефектите од спроведените активности, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани без работна дозвола ќе можат да работат во Србија и Албанија

Редакција

Сведоци на Боки 13 од денеска на судењето за „Рекет“

Редакција

„Хит“ на Фејсбук: Мицкоски го бранеше Гоце Делчев на профилот на Заев

Редакција