еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Општините да си проверат дали објектите имаат хидранти, излез за итни случаеви, противпожарни апарати…

Наместо да замараат со информации колку донирале за семејствата за настраданите во пожарот во Кочани, општините да си проверат колку згради, градинки, училишта и други објекти во нивните населени места имаат хидранти, хидрантски црева, излези за итни случаеви, противпожарна опрема…

И не само дали ги има. Дали и се исправни.

Нека донираат ако можат и нека молчат.

Социјалните мрежи се преплавени со информации на колку згради на пример им фалат овие работи.

Не само да проверат, без разлика дали некои работи се во нивна надлежност или не, туку и да ги едуцираат граѓаните како да се ракува со ваква опрема.

Ако нешто не е во нивна надлежност, повторно да не ја замараат јавноста, да најдат кој е надлежен.

И самите знаат дека на терен ќе најдат страшна ситуација, многу страшна, така да побрзо да се фатат за работа. За тоа ги плаќаме. Да бидеме безбедни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција

Нови 27 случаи на Ковид-19 од 1.314 тестирања

Редакција

Во Собранието се гласаат законите: Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека избори ќе има

Редакција