еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Освежи го својот дом“: Саемот на мебел ќе се одржи од 20 до 24. март

На 20. март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови.

За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски“ и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.

„Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производители на мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.

Koнцептот и просторот за овогодинешното издание на Саем на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди. Овој Саем на посетителите ќе им овозможи искуство што не се пропушта, затоа што ќе имаат можност на едно место да го пронајдат вистинското, трендовско парче мебел за освежување на домот.

Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови,“ велат организаторите.

Минатото издание на Саем на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веро доби престижно признание за потикнување на индивидуалната филантропија

Редакција

Антикорупциска комисија: Градоначалникот Шилегов склучил договор со адвокатот Шилегов за консултантски услуги

Редакција

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Редакција