еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи смета дека не е точно дека Грција не исполнила ништо од Преспанскиот договор

Според министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи не е точна констатацијата дека Грција не исполнила ништо од Договорот од Преспа.

Според него и Македонија и Грција ја имаат исполнето суштината на Договорот – Грција за поддршка на евроатлантската интеграција на земјава, а државава за прашањето за уставните измени и имплементација на името.

„Не е коректна констатацијата дека Грција нема исполнето ништо. Столбот на грчките обврските од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО и европската интеграција. Северна Македонија денеска е членка на НАТО затоа што Грција ја исполни својата обврска.

Денеска Грција е еден од најголемите лобисти во Брисел за членство на Република Северна Македонија во ЕУ“, изјави денеска Османи.

За него трите меморандуми кои Грција и по шест години ги нема изгласано во Парламентот и тоа што јужниот сосед се уште не ги има сменето таблите на патишта е „некаде на периферијата“ од обврските.

Тој вели дека такви обврски има и Македонија, како што се законските измени за имињата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Македонската радио-телевизија (МРТ).

„Истите аргументи што ние ги даваме дека не можеме да постигнеме консензус во Парламентот, ги даваат и тие“, рече Османи, кој изрази надеж дека идната влада што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува договорот.

„Не е веќе прашање на Преспанските обврски, туку на Уставот. Се дава само некакво очекување дека ако ’почнеме усно да го кажуваме (старото име) полека ќе се смени и писмено‘. Тоа нема да се случи.

Зошто им давате такви очекувања на граѓаните? Кажете: ’Ние не сме го изгласале, ние бевме против. Овие предавниците го направија тоа и ние мора да го почитуваме‘. Тоа е фер однос кон државата“, рече Османи, кој денеска имаше средба со грчката заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападопуло, која со грчкиот министер за надворешни колеги, Јоргос Герапетритис е во Скопје за министерскиот состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Франција ја повикуваат новата влада во Македонија да ги почитува меѓународните обврски

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Мицкоски: Можно е исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во партијата

Редакција

Бојан Јовановски 55 пати бил носен на здравствени интервенции, ова е изживување, вели неговиот адвокат

Редакција