еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот Стојков и кажал на полицијата дека Палевски е во Турција

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше и Васко Стојков, поранешниот адвокат на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, кој го однесе во Белград, Србија, по исчезнувањето на Вања и Панче.

Тој меѓудругото кажа дека веднаш ѝ кажал на македонската полиција дека Палевски е во Турција, откако го дознал тоа лично од него.

Опиша и како и зошто се одлучил да го носи Палевски во Белград и рече дека тогаш ништо не му било чудно.

„Палчо во стан кај ПИОМ ми рече дека сака да оди во Белград, па во Турција, да ја среди кичмата. Реков јас ќе те однесам. Ништо не ми беше чудно тогаш, а од овој аспект чудно ми е што Љупчо беше во тој стан.

Го знам од 2017 година, нѐ запозна тука присутниот негов адвокат Јовица Страшевски. Почнавме да се дружиме приватно, но и преку партијата. Му позајмив пари, со кои спаси стан од извршување. Го продаде станот, ми ги врати парите. Ова беше 2019-2020 година. Станот беше над 70 квадрати во Аеродром”, рече тој и откри дека со нив за Белград тргнал и другиот обвинет Влатко Кешишев.

„За Белград тргнавме јас, Влатко и Љупчо. Не носев пари, па во ТЦ Бисер извадив готовина. На бензинската на Макпетрол сменив евра. Рече ќе се прегледа во Белград, а ако не е подобар, ќе одел на нож, т.е. на операција во Турција. Не спомна клиника.

Јас по пат барав да се видам со мои пријатели, двајца не најдов. На третиот Љупчо му побара некој поевтин хотел, блиску до центар да биде, бидејќи е без кола. Јас му дадов на Љупчо податоци од лична карта да му префрлат пари.

Отидовме во хотел ‘Таш’, двокреветна соба чинеше 60 евра. Му помогнав со торбицата, се смести Палевски, јас тргнав за назад”, рече Стојков, кој појасни дека до преглед во Белград не дошло, зашто веќе утредента, Палевски му се јавил дека ќе преспие во Ниш, а од таму ќе одел во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Братучетка на мајката на Вања сведочеше како се трагало по девојчето и како се однесувал татко и

Во седиште на партијата „Десна„ каде спиел Палевски имало пиштол и радиостаница за комуникација

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Паричката во семејството Заеви се падна кај премиерот

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Лошиот квалитет на воздухот во земјите од Западен Балкан предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи

Редакција