На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, обвинетиот Велибор Манев меѓудругото кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го сликал девојчето со вперен пиштол, за да од нејзините родители бара пари.
– Откако завршивме со закопувањето на Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што е и како е на Интернет. Тогаш го кажа тоа, дека се дигнала џева, дека се бара Вања, рече меѓудругото Манев, кој беше распрашуван од Палевски.
Пред да ја фрли лопатата која била користена за да се закопа, Палевски со средство за чистење ВД-40 ја чистел рачката и металот за да ги сокрие трагите, рече Манев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот Витановски се откажа од бранење на Палевски
Палевски ладнокрвно ја убил Вања, пукајќи во неа преку перниче, раскажа обвинетиот Манев
Палевски го убил Жежовски, пукајќи му во слепоочница, кажа обвинетиот Манев
Фото: Палевски/Фејсбук