еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пари за поголеми пензии и плати ќе има, Буџетот оштетен за над 500 милиони евра, тврди министерката Димитриеска Кочоска

Економијата е во клиничка смрт, а државниот Буџет е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари (над 500 милиони евра), соопшти денеска на прес-конферениција, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Со ребалансот на Буџетот, кој вчера помина на седница на Владата, истиот за годинава ќе изнесува 362 милијарди денари или 5,8 милијарди евра.

Вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318,1 милијарди денари, или зголемување за 8,2 милијарди денари.

Расходите се планирани на 362,8 милијарди денари, што е зголемување од 19,1 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит се зголемува на 720 милиони евра, на 4,9 проценти во однос на бруто-домашниот производ (БДП), кој е коригиран. Буџетот ќе изнесува 68 проценти од БДП.

Министерката нагласи дека првично проекитраниот БДП е неостварлив.

Обезбедени се 4,1 милијарда денари за плати и 5 милијарди денари за исплата на пензиите.

Од 2024 до 2028 година Македонија само по основа на камати треба да исплати 1,8 милијарди евра.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје вработува 12 лица, плата до 24.427 денари

Редакција

(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин

Редакција

„Знак на благодарност“: Информацијата дека Србите бесплатно ќе возат низ Македонија, топ тема во српските медиуми

Редакција