еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пеколните температури со над 40 степени ќе се задржат до петок

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во говор останува лично на секој како ќе го изговори името на државата, тоа прашање е апсолвирано, вели Гаши

Редакција

Договор од 1,4 милион евра склучи Општина Центар со „Ем груп електрометал“

Редакција

(ВИДЕО) Верни на традицијата, Охриѓани се искапеа во езерото за Водици

Редакција