еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираа дека тој одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што го донесе Собранието пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за игри на среќа помина во Собрание, обложувалниците ќе треба да се селат од близина на училиштата

-Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што овој Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како наш најважен партнер во земјата во процесот на преговори.

Претседателот Пендаровски смета дека измените и дополнувањата на законот се донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на нашето законодавство со правото на Европската Унија, популарно позната како „процедура со европско знаменце“, во ситуација на отсуство на суштинско „аки“ (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки“ што може да биде релевантно.

Претседателот Пендаровски, имајќи ја предвид важноста за сеопфатно регулирање на оваа област, но и за легитимните и оправдани грижи на граѓаните во однос на можното штетно влијание на игрите на среќа и забавните игри врз младите, особено врз нивниот психолошки развој, го повикува Собранието без одложување одново да почне дебата и постапка за ова прашање, но во редовна законодавна постапка со широка и инклузивна дебата со сите засегнати страни, онака како што ѝ доликува на една зрела парламентарна демократија, информираат од неговиот Кабинет.

За одлуката, претседателот Пендаровски го информирал претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Павле Богоевски за Парадата на гордоста: Покрај сите пречки и омраза, љубовта сепак победи!

Редакција

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, објави „Тајмс“

Редакција

Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел

Редакција