еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет лица од светиниколското село Стројменци се извлекуваат со хеликоптер

Пет лица од светиниколското село Стројменци, кои се заробени во пожарот, се извлекуваат со помош на хеликоптер, информираше градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Тој додава дека огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Пожарот нема опасност по куќите, а се очекува да биде ставен под контрола со помош на ер тракторите.

Во спасувањето на селата вклучени се пожарникари, доброволци, месно население, вработени во државните институции.

Пожарите во Светиниколско се гаснат од земја и воздух, а општината со помош на населението обезбедува храна и вода за луѓето кои се борат со пожарите во оваа општина.

Штетите од пожарите дополнително ќе се утврдуваат, а според првичните проценки, изгорени се околу 40 куќи во селата Немањици, Малино и Орел. Има изгорено и стока, добиточна храна, а некои од селата останаа и без вода за пиење, како што е селото Немањица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мали оштетувања на две куќи од пожарот во Дојран, постои опасност од неексплодирани гранати

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вархеји: За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата која помина многу црвени линии

Редакција

Трагедија во кумановско: Момче се удави во Пчиња, кај селото Шупли Камен

Редакција

Ковачевски се сретна со Макрон: Не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции

Редакција