еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Подолг период ја демнел и избегал од психијатриска институција каде што се лечел: Детали од Обвинителство за ранетата жена во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице, информираа од таму.

„Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.

Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената, која е повередена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.

Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење,“ соопштија од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пукање во Прилеп, ранета 36-годишна вработена во Центарот за социјална работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Редакција

Каков имот пријавил директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови

Редакција