еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинува парното во Скопје

Цената на парното од 1. август се намалува за 3,16% за 52 илјади домаќинства, додека за сите останати потрошувачи како училишта и институции, цената ќе се намали за 17,3%, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.

За останатите системи, цената во Скопје-Север за субвенциите се намалува за 1,71%, а за останатите за 17,22%.

Кај „ЕСМ Енергетика“, цената на парното за домаќинствата се намалува за 0,5%, додека за останатите околу 40%.

Бислимоски апелираше да се заврши реконструкцијата на цевкодот на мостот „Беласица“ за да бидеме подготвени за претстојната грејна сезона која започнува на 15. октомври и трае до 15. април.

На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63.000 домаќинства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција

(Вознемирувачко видео) Маж во Градачац уби три лица, убиството на невенчаната сопруга го пренесуваше на Инстаграм

Редакција

Радев до Мицотакис: Договорите на Македонија со Грција и Бугарија да станат дел од преговарачката рамка

Редакција