Ситуацијата во Неготинскиот регион засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек, информираат од Влада.
„На терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите“ велат од Влада.
Од таму апелираат за внимателно однесување во потенцијалните жаришта поради енормно високите температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.