еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загинатите на Галичица се брачен пар од Ресен: МВР со детали за несреќата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти детали за вчерашната несреќа на Галичица во која загинаа две лица.

Се работи се брачен пар од Ресен.

– На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х. (59) и М.Х .(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 година во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото, соопштија од полицијата.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Редакција

Спасовски: Богоевски не бил прислушуван од институциите, туку бил сниман со мобилен или друг уред

Редакција

Еврото ќе биде единствена валута во Косово од 1. февруари

Редакција