еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

Понудата односно проспектот за преземање од страна на Комерцијална банка АД Скопје ги откри акционерите во Стопанска банка АД Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Истите се објавени преку Македонската берза, а Стопанска банка Битола има рок до 22. септември да одговори на понудата за преземање на сите обични акции со право на глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола има рок до 22. септември да ја прифати, Комерцијална ја објави понудата за преземање

Кои се акционери во Стопанска банка Битола?

Официјално досега на јавноста и беше познат само еден акционер кој има над 5% од акциите во Стопанска банка Битола, бидејќи друштвата имаат законска обврска да споделуваат информации само за акционерите над 5%.

Тоа е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,9% од акциите.

Сега е познато кој друг има акции во Стопанска банка Битола и под 5%:

Меѓу акционерите е Орка холдинг АД Скопје, како и Скопски Пазар АД Скопје и Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Комерцијална банка доби довола од КХВ за преземање на Стопанска банка Битола

Има акции во Стопанска банка Битола: Каков имот пријавил Николче Јанкуловски, заменик министерот за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годишен раст од 8,7% на депозитите и од 5,1% на кредитите

Редакција

Почина жената која беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

Редакција

Запознајте ги новите антикорупционери: Кој е новинарот Горан Трпеноски

Редакција