еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапуваат бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ за денар и половина поскапува цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а на дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 81 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 83 денари за литар, а дизелот за 76 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинства исто така поскапува за половина денар и тоа ќе се продава за 75,5 денари за литар.

За 0,337 денари за килограм се зголемува и цената на мазутот и сега ќе се продава 46,673 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеници од ДУИ нема да го зголемат мнозинството на Мицкоски, вели Ахмети

Редакција

(Фото) Првиот вицепремиер Артан Груби со семејна фотографија честиташе Нова Година

Редакција

И Бугарија ги формираше работните групи за соработка со Македонија

Редакција