еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина велосипедист по удар од возило во Тетово, возачот избегал

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 22.07.2024 година во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М. (44) од с.Џепчиште, тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 година во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М. (67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

Редакција

(Мапа) Скопје, Кавадарци и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Потребни се 131 година за да се надмине родовиот јаз во трговските фирми

Редакција