еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина 25-годишно момче од Крива Паланка, откако паднал од оџак

Почина Р.М., 25-годишно момче од Крива Паланка, откако паднал од оџак од напушен објект, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случила вчера, а била пријавена од страна на Итната медицинска помош Крива Паланка, каде момчето било донесено починато.

-Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош.

Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

Редакција

(Видео+Фото) ТАВ Македонија беше домаќин на српски туристички блогер за промоција на Охрид

Редакција

Македонија ќе купи хеликоптери од италијанската компанија “Леонардо“

Редакција