еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пошта е злоупотребена во измамничка кампања на Фејсбук

Пошта информира дека нејзиното име е злоупотребено во измамничка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук, со лажна веб-страница која испраќа пораки и апелира до граѓаните да бидат внимателни.

Од Пошта истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.

„Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа Фејсбук. Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки.

Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.

Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија“ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница,“ велат од Пошта.

Од таму велат дека секое неовластено претставување во име на Пошта претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

“Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб-страница posta.com.mk“, укажуваат од Пошта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На двегодишниот Марко кој има ретко заболување, потребни му се средства за лекување во Турција

Редакција

Убава вест: Оздравени 395 болни од Ковид-19

Редакција

„Вардар градба“ го доби тендерот за изградба на канализација во Индустриската зона Визбегово вреден 2,3 милиони евра

Редакција