По завршувањето на изборите во Македонија и по церемонијата на инаугурација на првата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова, која не го користеше уставното име, се огласија и бугарските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ
Бугарскиот премиер Димитар Главчев, преку соопштение на бугарската Влада, порача дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и, во принцип, со договорите меѓу Европската Унија и Македонија.
-Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Потсетуваме дека Република Северна Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности.
Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија во целост ќе зависи од нејзиното сеопфатно спроведување на договорите одобрени од сите од јули 2022 година“, вели Главчев.
И бугарскиот претседател Румен Радев порача дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и други меѓународни договори кои Македонија ги има потпишано.
„Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам дека РСМ е земја членка на НАТО, од што произлегуваат соодветни обврски и одговорности“, изјави Радев.
Тој дополни дека европската перспектива на Македонија зависи од стриктното спроведување на меѓународните договори од кои земјата е дел, како и од Преговарачката рамка одобрена од Европскиот совет во 2022 година.
„За информација на одговорните институции во РСМ, таа нема да биде ревидирана“, кажа Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска Давкова не употреби „Северна“, ама ја потпиша изјавата со уставното име
Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР
Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти инаугурацијата на Силјановска Давкова
Фото: Унсплеш