Сега е клучно да се спроведат досегашните обврски, да се почитуваат правнообврзувачките договори и одлучно да се продолжат реформите поврзани со Европската Унија, напиша на платформата Х претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел, кој вчера во Брисел се сретна со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Според него, за пофалба е европската ориентација и посветеноста во евроинтеграциите, и затоа треба, како што вели, Македонија да го искористи сегашниот моментум за проширување на Унијата.
Welcomed Prime Minister @MickoskiHM in Brussels and commended North Macedonia's geostrategic orientation and commitment to EU membership.
With the current momentum in 🇪🇺 enlargement, 🇲🇰 has a real opportunity to advance on the EU path and join our family.
It is now key to… pic.twitter.com/Vb9Xnmoq54
— Charles Michel (@CharlesMichel) September 20, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада