Приватните автобуски превозници во Скопје до петок ќе возат само наутро до 10 часот, а за од понеделник е можно воопшто да не возат.
Причината за ваквата нивна одлука е неисплата на долговите од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
Тие бараат да им се исплатат парите за извршениот превоз во изминатите месеци за да можат и понатаму да ја вршат услугата и се пожалија дека пари не им се исплатени од јануари кога зеле само дел од средствата што им се должат, па изминатиов период услугите ги вршеле со сопствени средства и со задолжување.
Долгот е над 2 милиони евра.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.