еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведен велешанец за предизвикување пожар

Денеска е приведен велешанец под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон селото Клуковец, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од таму велат дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнат С.Ц. од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.

– По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност”, се наведува во соопштението.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.

– Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денот кога вест стана дека вицепремиерот Хазби Лика почнал да доаѓа на работа

Редакција

Колку пари потрошил Заев на угостителски услуги, хотели и подароци

Редакција

Кина вршела притисок Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да не одат во Тајван

Редакција