Од Мермерен комбинат АД Прилеп преку Македонската берза информираат дека со одлука на Одборот на директори (ОД) на Друштвото, членот на ОД, Јасна Ажиевска Петрушева ќе престане да извршува функција како извршен член на Одборот и овластено лице за застапување на Друштвото, и истата функцијата член на Одборот ќе продолжи да ја извршува како неизвршен член, до истекот на мандатот за кој е именувана.
Со оваа измена новиот состав на Одборот на Директори е следниот: Лазарос Пантелидис, неизвршен член и претседател на Одборот, Василиос Анагносту, главен извршен директор, Јасна Ажиевска Петрушева, неизвршен член, Николаос Димарелис, неизвршен член, Триантафилос Триантафилу, неизвршен член и Зоран Пандев, неизвршен и независен член на Одборот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мермерен Комбинат лани со намалена добивка