еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечна нето плата во март 44.763 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 44.763 денари, што претставува пораст од 10,5% во споредба со истиот месец претходната година.

Според ДЗС, ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во следните области: Образование за 15,8%, Рударство и вадење на камен за 14,1% и Административни и помошни услужни дејности за 12,5%.

Забележано е и зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, и тоа во секторите: Рударство и вадење на камен за 12,3%, Уметност, забава и рекреација за 6,8% и Преработувачка индустрија за 6,4%.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 67.240 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ДобиФме вакцини без договор за добрососедство„: Твитер реакции за донацијата од Србија

Редакција

Убава вест: Оздравени 17 лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Редакција