Според податоците на Руската изборна комисија, кои ги пренесе Радио Слободна Европа, во Македонија Русите на последните претседателски избори во Русија, гласале за Владимир Путин.
За него во земјава гласале дури 88,1% од гласачите, а Путин во Србија добил само 10,84% од гласовите.
Мал е процентот за Путин и во Црна Гора, 8,41%, а е висок и во Босна и Херцеговина, 77,2%.
Русите во Србија и во Црна Гора најмногу гласови му дале на Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“, кој е заменик претседател на државната Дума – руското собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се знае за приватниот живот на Путин, кој останува претседател на Русија
Кој е Владимир Путин кој повторно победи на претседателските избори во Русија
Путин најави продолжување на војната во Украина
Фото: Кабинет на Путин