еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешени национални координатори

Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување од должност на национални координатори.

Владимир Пивоваров се разрешува од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.

Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.

Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.

Фатмир Ејупи се разрешува од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација.

Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика.

Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора.

Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.

Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Македонија.

Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.

Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.

Роберт Алаѓозовски се разрешува од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство.

Д-р Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација.

Д-р Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори во Катастар, Агенцијата за странски инвестиции, Државниот инспекторатот за земјоделство…

Кои се новите директори на клиниките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Србија побара од КФОР враќање на одреден број на српски војници на Косово

Редакција

Пратениците дадоа зелено светло за предлог-законот за попис во прво читање

Редакција

(Фото) Запленета дрога вредна околу 150.000 евра, пресечен меѓународен канал: Приведени пет лица меѓу кои и поранешни вработени во МВР

Редакција