Новото раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот со Марковски компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во рудникот Брод-Гнеотино, вреден 46 милиони евра, а кој беше склучен во февруари годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мега тендер: ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден 46 милиони евра
Активирана е банкарската гаранција од 2 милиони евра.
Изминативе години Марковски компани беше во фокусот на јавноста по бројните милионски договори кои ги склучуваше со државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во чиј склоп функционира РЕК Битола.
Директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски во образложението за раскинувањето на договорот рече дека Марковски компани не само што не ги исполнил договорените количини јаглен, туку и директно ја загрозил енергетската стабилност на државата.
-Несоодветната динамика на отстранување на јаловината ја наруши геомеханичката стабилност на рудникот Брод-Гнеотино, изјави меѓудругото Петрушевски.
Посочи и дека на раскинувањето на договорот му претходеле бројни опомени и укажувања, но според него Друштвото продолжило со несовесен однос кон обврските.
Договорот, според него, овозможувал раскинување доколку една од страните не ги извршува обврските.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Марковски компани, која лани имала најголем удел во јавните набавки
Фото: ЕСМ