Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Скопје, извести дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, во која што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал.
Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот. Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка.
Во 14:55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и дека веќе е со неговиот родител на Средно Водно и дека се е успешно завршено.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.