еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија има 125 милјардери, 10 се откажале од руско државјанство, објави Форбс

Според рангирањето на светски познатиот економски магазин Форбс, Русија годинава има рекорден број на милјардери – 125, а бројот според магазинот ќе бил уште поголем доколку 10 руски богаташи не се откажале од руско државјанство откако почна војната со Украина.

Сопственикот на „Лукоил“, Вагит Алекперов, според „Форбс“ е најбогат Русин со богатство од 28,6 милијарди долари.

Во рангирањето на Форбс за 2024 година има вкупно 2.781 милијардери.

Најбогат во светот е претседателот на „Луј Витон Моет Хенеси“, Бернард Арно (233 милијарди долари), втор е основачот на „Тесла“, Илон Маск (195 милијарди), а трет креаторот на „Амазон“, Џеф Безос (194 милијарди).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Почина академик Глигор Каневче

Редакција

(Видео) Европа на нозе, протести од Париз до Тирана

Редакција