Сакајќи да се огради од вработувањето на неговата сестра во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека таа е вработена таму од пред 15 години и дека тоа се случило 12 години пред тој да стане министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сестра ми работи во М-НАВ 12 години пред да станам министер, вели Османи
И во тој период Османи беше министер, но за здравство. На таа функција во владата на Никола Груевски беше од 2008 до 2011 година, а во 2017 година во владата на Зоран Заев стана вицепремиер за европски прашања.
Тој е потпретседател на владејачката ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен
Фото: МНР