еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се очекува зголемување на водостојот на Треска, внимателно движење покрај реките

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека продолжува периодот на нестабилно и врнежливо време.

„Во текот на изминатите неколку дена на целата територија на земјата имаше врнежи од дожд, при што на некои места беа обилни, но со некои исклучоци врнежите претежно беа со умерен карактер и постепено паѓаа во текот на овие неколку дена.

Во текот на вчерашниот ден регистрирано беше постепено зголемување на водостојот на реките, а таквата тенденција се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден.

Се очекува висок да биде водостојот на река Треска каде се очекува негово постепено и умерено зголемување. И на останатите реки нз земјава се очекува постепено и умерено зголемување на водостоите.

На места каде локално се очекуваат интензивни врнежи можно е забрзано зголемување на водостојот претежно на суводолиците и помалите реки, а можна е и појава на одрони и свлечишта.

Препорачуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден,“ велат од УХМР.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 48 часа по промоцијата, вандализиран виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид

Редакција

Одново ќе му се суди на Даравелски

Редакција

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција